Volkswagen ќе ги збогати Чесите за 23 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Судот во чешкиот главен град Прага донесе одлука според која Volkswagen Групацијата на сопствениците на Skoda и VW автомобилите во Чешка ќе им исплати 23,3 милиони долари.

Станува збор за пресуда која произлегува од скандалот Дизелгејт кој беше откриен во септември 2015 година од страна на надлежните институции во САД.

Тужбата ја покренаа 2.435 лица, сопственици на автомобили од наведените брендови. Сепак за парите ќе мораат да почекат бидејќи на оваа пресуда на Окружниот суд, Volkswagen Групацијата има право на тужба, нешто што според чешките медиуми нема да го направи.

Ова нема многу да го погоди германскиот производител бидејќи досега на име казни и оштети има исплатено  речиси 32 милијарди долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK