Во Volkswagen се обидуваат да предизвикаат зголемување на интерес на поведри теми и да ги забавуваат своите клиенти со уште еден атрактивен модел.
T-Roc cabrio, кој е популарен компактен crossover во летно издание, доаѓа на европскиот пазар на 20 март и тоа во две верзии опрема: Style i R-Line. Во двата случаи нема задни врати и секако класичен кров.
Возилото располага со мек кров, а се отвора за само девет секунди. Сепак, тоае под услов да не возите побрзо од 30 км/ч. Капацитетот на багажникот, пак, е 280 литри.
На располагање се два мотори. Послабиот 1.0 TSI дава 115 коњски сили и 200 Nm, a усогласен е со шестстепен рачен менувач.
Посилната опција е 1.5 TSI со 150 коњски сили и 250 Nm. Опциски е достапен со DSG менувач.
Почетната цена во Германија е 27.495 евра односно 32.810 за поскапиот R-Line пакет на опрема.

Следете не и на:

