Volkswagen ги испорача првите примероци од ID.4

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen официјално ги испорача првите примероци од новиот електричен кросовер ID.4. Примопредавањето на сопствениците се случи во фабриките во Дрезден и Волсфбург.

“Ги сакам автомобилите од новата ID. фамилија па поради тоа купив еден автомобил” изјави еден од првите сопственици на овој електричен автомобил.

“Јас сум голем фан на електромобилноста. Задоволство ми е што се придружувам на оваа фамилија и што сум еден од првите луѓе во Германија кој ќе го вози овој автомобил” изјави Матијас Хепер за време на примопредавањето на автомобилите.

Volkswagen досега доби 23.500 нарачки за новиот ID.4 до крајот на февруари. Тоа е одлична бројка што го прави овој кросовер со предиспозиции да биде новиот бестселер на германскиот производител. Претходно од раководството на компанијата најавија дека на годишно ниво ќе испорачуваат 150 илјади примероци од ID.4.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK