Volkswagen, Ford и Amazon ја создаваат најголемата мрежа за полнење автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски производител на автомобили Volkswagen, заедно со Ford и Amazon ги здружуваат силите во намерата на создавање на најголемата мрежа на станици за полнење на електрични автомобили.

Трите компании оваа мрежа ќе ја создаваат во Северна Америка, пред се САД и Канада, а според иницијалниот план се предвидуваат поставување на полначи на 12 илјади локации и 35 илјади приклучоци.

Со оваа заедничка инвестиција, сопствениците на електричните Ford автомобили ќе имаат пристап до полначите од програмата “Електрикација на Америка” која веќе одреден временски период ја спроведува Volkswagen.

Официјално не се открива колку ќе чини вкупната инвестиција и дали оваа мрежа е планирано да се прошири и во Европа каде нешто повеќе од една година Volkswagen самостојно развива вакви станици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK