Но, како и да е студиите велат поинаку, од она шо се наведува во насловот на оваа статија...
Volkswagen е уверен дека продажбата на електрични возила конечно ќе процвета во 2025 година. Во Европа има повеќе нарачки за ID.7 отколку за Passat. Тој е водечки во трката за продажба на електрични возила на домашен терен, во Германија, а Volkswagen беше најпопуларниот производител на електрични возила во Норвешка минатиот октомври.
Годинава реално,ce очекува, дека автомобилите со нулта емисија ќе заземат дури 25 проценти од испораките во ЕУ. Шефот за продажба на компанијата, Мартин Сандер, во неодамнешното интервју за Automotive News ги побуди електричните возила. Запрашан зошто луѓето треба да го земат предвид ЕV наместо автомобил со внатрешно согорување, членот на одборот на VW за продажба, маркетинг и по продажба рече:
„Прво, треба да зборувате за фактите. На пример, електричните возила се многу посигурни од возилата ICE (Internal combustion engine- Возила со внатрешно согорување). Но, единствениот начин да се сменат мислењата е со внесување на клиентите во возилата и лично саите да се уверат“.
Сепак, најновата студија на Consumer Reports (CR) покажа дека сопствениците на ЕV имале 42 отсто повеќе проблеми со своите автомобили. Колку и да звучи лошо, тоа е всушност големо подобрување во споредба со студијата од 2023 година, кога електричните автомобили имаа 79 отсто повеќе проблеми од возилата со внатрешно согорување.
Објавена во декември 2024 година, најновата анализа содржи одговори од приближно 300.000 сопственици на автомобили од моделските години од 2022 до 2024 година. CR, кој го има VW ID.4 на својата листа на најмалку сигурни нови возила, вели дека добил повеќе повратни информации од сопствениците на ЕV од кога било досега.
Сандер додаде дека луѓето кои не сакаат да купат електрични возила треба да ги тестираат еден ден за да „видат колку е едноставно полнењето и колку брзо може да биде истото “. Човекот задолжен за продажба во VW отиде дотаму што го посочи ID.3 „на врвот на листата следен од Tesla Model Y, VW Golf и BMW i4 во клучните области“. Тој објасни дека електричниот „жежок “-GTX има поголем опсег од моделот Y, подобри перформанси од Golf GTI и побрзо полнење од 10-80 проценти од i4.
Проширувањето на електричната линија на VW ќе продолжи со поевтин автомобил, ID.2. Со цена од под 25.000 евра (25.700 долари), тоа ќе биде „модел што ќе направи прсврт во играта (продажбата) “, според Сандер. Уште попристапен модел, веројатно наречен ID.1, ќе започне со цена од помалку од 20.000 евра (20.600 долари). За почетниот EV, првичниот план беше да ги здружат силите со Renault, но двете компании на крајот решија да се разделат. Групацијата VW ќе го развива ID.1 во куќата, додека француската марка ја врши целата работа преку електричното Twingo.
Кога ќе пристигне кон крајот на деценијата, деветтата генерација на Golf ќе биде модел движен само со електрична енергија. Ќе се произведува во погоните во Волфсбург, каде што е склопен сегашниот модел со мотори со внатрешно согорување. Сепак, производството на хечбекот и караванот со погон со внатрешно согорување на Golf во Германија ќе заврши во текот на 2027 година, а производството ќе биде преместено во Пуебла, Мексико.
Бензинските и електричните VW Golf мирно ќе коегзистираат неколку години. Kако и да е од VW не ја исклучува можноста да го задржи Mk8 во продажба дури до 2035 година.