Volkswagen е најиновацискиот бренд со масовно производство

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот Volkswagen веќе трета година по ред го понесува признанието за најиновациски бренд со масовно производство. Покрај тоа освои и други награди во категориите „Алтернативни погони“, „Автономно возење“, како и „Безбедност“ и „Конвенционален погон“.

Наградите секоја година ги доделува Center of Automotive Management (независниот научен институт) во соработка со ревизорската компанија PricewaterhouseCoopers. Одлуките за доделувањето на наградата се темелат на студијата AutomotiveINNOVATIONS, која е направена според истражувањата кои ги анализирале иновациските профили и идните трендови на бројните автомобилски брендови во текот на минатите седум години во продачјето на техничките иновации за возила.

Во официјалните изјави кои се дадени од CAM и PwC се наведува дека „Volkswagen има најголем удел во погледот на глобалните иновациии меѓу брендовите со масовно производство и тоа е на ниво од 26 проценти“.

Како врвни примери се посебно истакнати Volkswagen Arteon поради неговиот опциски систем Emergency Assist 2.0 со функција  за смена на лентата на движење, концептот Arteon како купе со четири врати, Golf 1,5 TSI со своето еколошко возење во празен од (кога моторот е исклучен) и бензински филтер за честички монтиран во Volkswagen up! GTI.

Десет иновации на брендот Volkswagen кои се истакнати во студијата ја донесоа наградата во сегментот Алтернативни погони. Главна улога имале иновациите кои го вклучуваат редизајнот на моделот на Volkswagen e-Golf како и неговата значително подобре на автономија и сила (дополнителни 15 kW /20 коњски сили).

Во рамки на годинешната студија од страна на Center of Automotive Management  се оценувани вкупни 60 меѓународни автомобилски брендови, а Volkswagen имаше модели кои беа далеку пред другите.

1) Golf 1,5 TSI ACT BlueMotion, автоматски менувач со две спојки (96 kW/130 коњски сили), потрошувачка на гориво во l/100 km (NEDC): градска 6,2-6,1 /на отворено 4,2-4,1 /комбинирано 4,9-4,8; емисија на CO2 (комбинирано) во г/км: 113-110, класа на ефикасност: B-A.

2) up! GTI 1,0 TSI, 85 kW /потрошувачка на гориво во l/100 км (WLTP): комбинирана 5,7-5,6; емисија на CO2 во г/км: 129-127 (комбинирана). Потрошувачка на гориво во l/100 км (NEDC): градска 6,0 /на отворано 4,1 /комбинирана 4,8; емисија на CO2 во г/км: 110 (комбинирана ), класа на ефикасност: C

3) e-Golf: потрошувачка на струја, kWh/100 km (NEDC): комбинирана 12,7; комбинирана емисија на CO2, г/км: 0; класа на ефикасност: A+

4) Polo TGI (66 kW/90 коњски сили), потрошувачка на гориво во кг/100 км (NEDC): 4,2-4,0 градска, 2,7-2,5 на отворано, 3,2-3,0 комбинирана; емисија на CO2 u г/км: 87-84 (комбинирано); класа на ефикасност: A+.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK