Volkswagen чести: Донесете старо, купете ново возило и добијте до 10.000 евра попуст

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Volkswagen најави нова еко-програма која ќе му овозможи на секој сопственик на стар дизелски автомобил (Euro 4 или постар) да искористи од специјалните бенефиции на компанијата при неговото враќање, и потоа купување на модел што има пониска емисија на штетни гасови.

Од Volkswagen коментираат дека марката на стариот автомобил не е важна што ќе се донесе, и дека во зависност од изборот на нов автомобил од страна на клиентот, тој може да смета на бенефиција од 2.000 до 10.000 евра. Дополнително кон овој бонус, од компанијата доделуваат и плус бонус, и тоа ако корисникот се реши да купи возило со алтернативен погон (-1.000 евра), хибриден (-1.785 евра) или електричен (2.380 евра) погон.

Попустите од Volkswagen при враќање на стар дизел автомобил се движат од 2.000 евра за субкомпактниот Up!, 3.000 евра за Polo, 5.000 за Golf, Golf Sportsvan, Golf Estate, Tiguan, Tiguan Allspace или Beetle Cabrio, 6.000 евра за Touran, 8.000 евра за Passat Sedan / Estate, Arteon и Sharan, и 10.000 за Touareg.

Новата програма на Volkswagen, која е ограничена само за клиенти во Германија, ќе трае до крајот на оваа година

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK