Волга се продава за 50.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Возило ГАЗ-24 кое е старо 45 години и со поминати едвај 310 километри се продава за неверојатна сума од речиси 50 илјади евра, односно во рубљи т- 3.663.875.

Темноцрвената „Волга“ е обновена од страна на инженери на фабриката за автомобили „Горков“.

Автомобилот се наоѓа во одлична состојба, а сите делови се оригинални. Според продавачот автомобилот бил чуван во приватна колекција.

Опремен е со 2,5 литарски бензин мотор со моќност од 85 коњски сили и четиристепен менувач. Од 1973 година возилото имало само двајца сопственици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK