Компанијата КамАЗ објави видео со најава за новиот електромобил. Видеото го покажува електричниот автомобил „Кама-1“ во движење, а исто така ја демонстрира работата на воланот, во кој е монтиран таблет.
Судејќи според видеото, 9-инчниот екран, кој се наоѓа во центарот на воланот, ја зачувува својата позиција за време на вртењето во свиоците. Овој дисплеј е наменет за контрола на автомобилските системи. Сепак, каде е тогаш воздушното перниче за возачот? Таа се наоѓа под тапацирот на кровот.
„Кама-1“ беше претставена на 10 декември на саемот во Москва. Должината на градскиот кросовер е 3,4 метри, ширината 1,7 метри, висината 1,6 метри и растојанието од асвалтот 160 мм. Автомобилот е опремен со литиум-јонска батерија со капацитет од 33 киловатчасови и електричен мотор со моќност од 80 kW.
Сето тоа му дозволува на автомобилот да достигне брзина до 150 км/ч и да помине до 250 километри без полнење. Времето за целосно полнење на батеријата во нормален режим е шест часа, а во забрзан режим на станица за брзо полнење е 20 минути.
Забрзувањето до 100 км/ч му одзема на рускиот електромобил само 6,7 секунди. Интелигентниот кросовер е опремен со LED предна и задна оптика, динамични индикатори на патишта, како и со сите потребни системи за пасивна и активна безбедност.
Како што претходно објав ТАСС, се сугерира дека електричниот автомобил може да стане достапен за обичните купувачи уште во текот на оваа година. Цената на „Кама-1“ според агенцијата ќе биде околу милиони рубљи при планираниот обем на продажбите од околу 20.000 автомобили годишно. Сумата е нешто над 11.000 евра.