Ако се мислеше дека само во САД се води војна против дизелските мотори и се бара нивна поправка, тогаш последната вест тоа го демантира. Министерот за транспорт на Германија сака да повика на дополнителен сервис и поправка на милиони дизелски мотори
Агенцијата Ројтерс цитира извор близок со проблемот кој тврди дека Министерството за транспорт е во разговор со неколку автомобилски производители за можно повикување на сервис и поправка на речиси 12 милиони возила. Нема потврда за чии модели станува збор, но според кампањата што се прави се работи за возила со дизелски мотори што треба да ги исполнуваат Еуро-4, Еуро-5 и Еуро 6 емисиите на гасови.
Повикот за сервис и поправка се однесува за надградување на софтверот во возила и се дел од планот на Владата за намалување на нитрофен оксид емисијата на гасови за околу 25 отсто.
Деталите остануваат тајна, но според медиумските известувања, Владата сака токму авто производителите да ги надоместата трошоците за повикот во сервис, што е од 1,5 до 2,5 милијарди евра. Истовремено ова треба да биде објавено пред изборите во Германија што е планирано да се одржат на 24 септември.
Неколку градови веќе најавија размилсување за забрана за употреба на дизелските моторои, меѓу кои се Минхен и Штутгарт, и тоа во делови од градот и во одредени денови.