Компанијата која е лидер за производство на велосипеди во Кина реши да го прошири бизнисот, па следната година ќе лансира автомобил од 800 кубици. Се работи за Suzuki Mehran, кој практично е ребрендирана верзија на втората генерација на малиот Suzuki Alto.
Фирмата United Auto Industries користејќи ја кинеската технологија и пазар под брендот United влегува во производство и на автомобили и на пикап возила. Планот е да бидат воведени близнаци на моделите Mehran и Ravi, со минимални дизајнерски варијации со што не би имало проблеми околу авторското право.
„Нашите автомобили и пикап возила не се копија на моделите на Suzuki. Нашите возила се потполно поинакви и поседуваат бројни атрактивни опции, а ги исполнуваат и безбедносните стандарди“, вели Афзал, кој е генерален директор на фирмата.
Седиштето на компанијата е во најголемиот град во Пакистан, Карачи, а владата веќе даде дозвола United Motors, Kia-Lucky Motors и Hyundai Nishat Motors да тргнат со реализација на проектот.
Suzuki планира во март во 2019 година да го тргне од пазарот моделот Mehran и да ја претстави новата генерација на Alto која ќе користи агрегат со зафатнина од 660 кубици. Почетната цена која е најавена е 6500 евра.
Најголемиот дел од пазарот во Пакистан го сочинуваат Mehran, Ravi и Bolan, а целта на United Auto Industries е да го украде пазарот од Suzuki. Сепак, аналитичарите велат дека за вакво нешто е прерано да се зборува бидејќи Suzuki Mehran е омиленото возило на оние кои решиле од мотоцикл да преминат на возило на четири тркала.
Можеби во проценките за успех на новиот автомобилски бренд ќе му помогне искуството со мотоциклите од 2005 година. Кога првиот кинески мотоцикл бил претставен цената била пониска за 40 проценти во однос на конкуренцијата од Јапонија, па купувачите се пренасочиле кон кинеските производи. Сега се надеваат на истото и со возилата.