Моделот X на Tesla треба да е главниот во понудата на американскиот производител во наредниот период.
Како технолошки најнапредниот Tesla автомобил во моментов, тој се докажа и како многу издржлив на бројни екстремни тестови. Сепак некои се уште се скептични како за Tesla автомобилите така и за сите останати електрични автомобили, пред се поради издржливоста и сигурноста на технологијата.
Дека нема простор за грижа покажа случајниот тест кога возач на Tesla Model X со неговото возило се најде во голема водна површина во САД.
Струен удар немаше, а како изгледаше сето тоа погледнете на видеото во продолжение.
https://youtu.be/QSR6Y2gNeI0