Вода на патот: Како да се однесувате во случај автомобилот да „заплива“?

ОБЈАВЕНО НА:

Во деновите со многу дожд често на патиштата се создаваат длабоки бари, па значително се зголемува опасноста возилото да „заплива“ поради феноменот познат како аквапланинг.

Во случај на „пливање“ меѓу пневматиците и површината на патот се создава слој на вода, а последица е губењето на контактот со подлогата, лизгањето или дури целосното губење на контролата над возилото.

Што треба да направите ако дојде до пливање односно како да го спречите? Стручњаците од компанијата „Goodyear“ велат дека спречувањето на лизгањето на автомобилот е најважно да го препознаете „пливањето“ на време и правилно да реагирате.

До аквапланинг доаѓа кога меѓу површината на патот и пневматиците се создава слој на вода, со дебелина од најмалку 2,5 милиметри. Значи „пливањето“ е брзо вртење на погонските тркала, погласен мотор односно брзо зголемување на вртежите,  неефикаен волан и занесување на задниот дел од возилото

Важно е да останете прибрани

Кога ќе дојде до аквапланинг никако не реагирајте панично туку останете мирни и избегнувајте силно притискање на педалата на кочница.

Полека отпуштете ја педалата од гаста, обрачот на воланот задржете го во положба пред „пливањето“ и следете го однесувањето на автомобилот. Кога при намалена брзина тркалате повторно ќе имаат добар контакт со асфалтот повторно преземете ја контролата над возилото.

Многу е важно воланот да го вртите со прекини иако автомобилот полека лизга кон ивицата на патот. Ако предните тркала при повторен контакт со патот бидат насочени во страна, можат силно да го повлечат возилото и тоа може да предизвика губење на добар контакт со асфалтот на задниот дел.

Фактор брзина и профил на пневматиците

„Пливањето“  можете да го избегнете со внимателно следење на условите на патот и соодветна брзина на возење на влажна површина.

Одлучувачка улога исто така имаат и квалитетните пневматици со доволно длабоки канали и профил. Истрошените гуми не ја цедат водата ефикасно, а тоа значително ја зголемува веројатноста од појава на аквапланинг.

Со пневматиците кои имаат профил од само четири милиметри можете да „запливате“ веќе при брзина која е за 10 километри на час пониска од брзината на нова гума.

„Пливањето“ може да се спречи и со најновите технологии

На прво место треба да се обрне внимание при самиот избор на гумите бидејќи меѓу нив може да има некои разумни разлики во отпорноста на пливањето.

На тоа значително влијае шарата на газечкиот слој на пневматиците, а особено обликот на канлот кој на цеди водата.

Произведувачите исто така можат и со други технлогии да ја зголемат отпорноста на „пливањето“.

На пример, напредните решенија како што се Active Grip и Active CornerGrip, постигнуваат на површната на патот да се создава рамномерен притисок на газечкиот слој на гумите и дополнително да се подобрува цедењето на водата, со што се зголемува отпорноста на аквапланинг и на правците и во кривините.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK