понеделник, 25 декември, 2025 година

Во вселената ќе се испитуваат материјали за производство на гуми

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Беше прашање на време кога и тоа ќе се случи. Еден од најголемите производители на гуми во светот, Goodyear има намера на Меѓународната вселенска станица да ја испитува реакцијата на материјалите кои се користат при производството на гуми.

Целта на оваа идеја е во рамките на тамошните услови дa се унапредат одредени материјали со што би се подобрил квалитетот на гумите, а истовремно би се влијаело и врз искористеноста на горивото на автомобилите кои би ги користеле тие гуми.

- Advertisement -

Според планот, Goodyear во втората половина од годината во Американската национална лабораторија која функционира во рамките на Меѓународната вселенска станица да спроведе тестирање на неколку компоненти кои служат во производството на пнеуматици. Во окружување на микрогравитацијата на вселенската станица, ќе се испитува настанувањето на одредени структурни облици кои не е можно да се остварат на планетата Земја.

Многу детали околу тестирањето не се познати па останува во наредниот период да видиме со каква иновација овој производител ќе не изненади.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја