Во време на пандемија: За плукање полицаец – две години затвор

ОБЈАВЕНО НА:

Среде епидемијата со новиот коронавирус, плукањето полицаец веќе се казнува со затвор во Белгија, бидејќи делото се смета за „напад со опасна супстанца“, пренесува Франс прес. Седум слични случаи биле регистрирани во градот Антверпен минатата недела и белгиското судство одлучи да преземе активности за ова прашање. Плукањето беше изричито спомнато, меѓу другите прекршувања, со циркуларно писмо до обвинителите.

„Чинот на намерно плукање или директно кашлање на друг човек од носител на зараза со коронавирус може да резултира со казна затвор во траење од 2 години“, објасни Кристијан де Валкенер, главниот јавен обвинител на градот Лиеж. „Овој чин може да се дефинира како бунт против силите на законот, но и како „обид за напад со потенцијално опасна супстанца“.

Белгиското обвинителство препорача обвинителите на теренот редовно да ги изведуваат пред лицето на правдата извршителите на ваквите дела.

Во понеделникот, 19-годишен маж бил уапсен со наредба за привремено задржжување од страна на судија во Антверпен. Тој насилно се спротивставил претходниот ден на задржување во парк во близина на градот, откако ја нарушил забраната за собирање, донесена од властите поради пандемијата.

Кога му ги ставиле лисицитена рацете плукал врз полицајците. Шест други настани од слична природа се пријавени од страна на обвинителството од 23 март за време на инспекциите на спроведувањето на законот на патиштата и парковите во земјата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK