Во Volkswagen ќе комуницираат на англискиот јазик

ОБЈАВЕНО НА:

Корпорацијата Volkswagen воведе новина, официјален јазик за комуникација ќе биде англискиот јазик. Многу од фановите на германскиот бренд со негодување ја дочекаа оваа одлука, иако таа нема никако да влијае врз нив.

Ова е втор потег на Volkswagen за промена на имиџот. Еден од најголемите производители на автомобили неодамна го напушти препознатливиот слоган „Das Auto“, а со најновиот потег се надеваат да ја олеснат интерната комуникацијата и соработка меѓу менаџментот, а и да привлечат некои од најдобрите бизнис имиња во светот.

Интересно е што компанијата најавува промени во менаџментот, ќе се фокусираат да привлечат луѓе кои имаат богато и разновидно искуство, кое не мора да е директно поврзано со автоиндустријата. Ќе се потикне и вработување на жени на високи менаџерски позиции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK