Во Унгарија произведен 3,5 милионитиот Suzuki автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Од фабриката на Suzuki во унгарскиот град Естергом излезе јубилејниот 3,5 милионити примерок на јапонскиот бренд.

Suzuki e првиот производител на автомобили кои отвори производствен погон во оваа земја по падот на комунизмот. Magyar Suzuki како што е и официјалното име на оваа компанија која е во 97,53% сопственост на Suzuki Motor Corporation, производството во оваа земја го започна во 1991 година.

“Ваквите настани се уште еден голем празник за нас и нашите вработени кои имаат голема улога во овој успех. Покрај тоа, имаме неколку колеги кои беа вклучени во производството на сите 3,5 милиони Suzuki автомобили” изјави Јошинобу Абе, генералниот директор на Magyar Suzuki по повод овој јубилеј.

Во минатото во оваа фабрика се произведуваа моделите Swift, Wagon R+, Ignis, SX4 и Splash, а во моментов SX4 S-Cross и Vitara.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK