Започна одбројувањето за премиерата на новиот модел на Lamborghini најавен за оваа среда.
Станува збор за модел кој се базира на моделот Huracan односно на модуларната спортска платформа.
Засега не се познати никакви податоци за овој модел. Од тизер фотографијата може да се забележи дека овој модел има вентилациони отвори на хаубата исто како и Huracan GT3 Evo.
Ако се потврдат шпекулациите, тогаш овој модел ќе дојде со 5,2 литарски V10 мотор кој продуцира максимални 631 КС. При тоа до стотка би забрзувал за околу 3 секунди.