Во Србија нов закон – Се толерира само 0,2 промили алкохол во крвта

ОБЈАВЕНО НА:

Во Србија се подготвува нов закон за сообраќај и безбедност според кој казните за насилно возење, за управување под дејство на алкохол, престигнување на полна линија ќе бидат зголемени. Меѓу новините е предлогот за намалување на границата на дозволено ниво на алкохол во крвта додека возиле.

Досегашното ниво е 0,3 промили, а според новиот закон таа толеранција ќе се намали на 0,2 промили. Се зголемуваат казните за некористење на безбедносен појас во текот на возењето, но и бројни други ситуации.

Се очекува за неколку месеци истиот да се најде во собрание на расправа и негово изгласување. Веќе е почнато контролирање на просечната брзина на автопатиштата, и долкку се утврди дека сте возеле над дозволените 120 км/ч. ви следува казна.

Значи, внимавајте кога возите низ Србија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK