Во соработкаа со модна куќа: Ограничена серија на Citroen E-Mehari By Courreges (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Француски Citroen ја продолжува соработката со познатат модна куќа Courreges, и плод на тој заеднички труд е специјалната серија на E-Mehari. Ќе има ограничена серија од само 61 возило и се одговор на годишнината од основањето на модната куќа. Моделот ќе добие сертификат „гарантирано француско потекло“ и ќе биде претставено на саемот во Франкфурт.

За разлика од претходната верзија на Е-Mehari надворешноста на овј модел Styled by Courreges е целосно црн и странични прозорци и специјални сјајни црни тркала, кои се инспирирани од сјајот на црни дијаманти.

Внатрешноста е целосно редизајнирана, со нова табла и бел тапацир кој е во контраст со надворешноста. Оваа верзија доаѓа со специјална торба „Куреж“ со две бои. Помодерно, удобно и прилагодено за градски услови, ова возило е опремено со 4 воздушни перничиња и систем за централно заклучување. Стилски и полн со карактер, E-Mehari првиот електричен модел кој ќе добие сертификат “гарантирано француски потекло”.

Технички карактеристики

Димензии
Должина: 3,80 м / ширина: 1,73 м. / висина: 1,65 м.
Капацитет на багажен простор: 200 литри (+78 литри во безбедносниот оддел) / 800 литри со отстранување на задни седишта
Тежина (празен): 1483 кг

Мотор:
Максимална моќност: 50 kW
Вртежен момент: 166 Нм. при 3700 вртежи во минута и 140 Nm при повисоки вртежи
Комбиниран век на батеријата: 195 км. стандард NEDC (нов европски возен циклус)

Брзина:
Максимална брзина 110 км / ч.
Забрзување од 0 до 60 км / ч: 7,3 секунди

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK