Renault Словенија прославува несекојдневен јубилеј – 4 милионитиот Рено автомобил произведен во Словенија. Како што пренесува STA, францускиот производител во Словенија овој јубилеј го прослави со единствениот модел кој се произведува во моментов во фабриката во Ново Место, моделот Clio.
А се започна во далечната 1973 година кога како прв Renault модел кој започна да се произведува во оваа фабрика беше легендарната “четворка”. Од оваа година па се` до 1992 година овој модел се произведе во 575.824 примероци. Година подоцна започна производството на Renault 12 и Renaul 16, но производството на истите модели беше без некој значаен успех.
Втората генерација на Clio го држи рекордот кога е во прашање бројот на произведени автомобили. Така во периодот од 1998 до 2015 година од оваа фабрика на Renault излегоа 1.495.157 автомобили.
Претходно, во 80-те и 90-те години во Ново Место се произведуваа Renault 18 и Renault 5. На кратко, во оваа фабрика се произведуваа и Twingo, Wind и Smart Forfour. Денес, единствениот модел кој се произведува е четвртата генерација на Clio чие производство започна минатата година, а заклучно мај годинава се произведоа 56.896 примероци.
Горди на овој јубилеј, од Renault Slovenia ги најавуваат интензивните подготовки за производството на новата генерација на Clio и покрај тоа што се шпекулира дека производството на овој модел ќе се премести во Турција.