четврток, 25 октомври, 2025 година

Во Скопје полицијата казнува – во Куманово исклучува од сообраќај

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Акциите на полицијата со контролирање на учесниците и санкционирање на прекршителите постојано е со зголем број на казни. Ако во Скопје постојано расте бројот на казнети учесници, во Куманово имаме енормно висок број на исклучени возила од сообраќај. Според податоците од полицијата причината е возење во алкхолизирана состојба, технички неисправни возила и нерегистрирани возила.

Во текот на изминатата недела (21-28.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, иниформираат од кумановската полиција.

- Advertisement -

Од исклучените возачи, 46 управувале под дејство на алохол и 32 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило).

Од сообраќај се исклучени 24 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и седум возачи поради некористење сигурносен појас, 31 поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 15 поради престигнување и двајца возачи поради непрописно престројување, стои во соопштението на СВР Куманово.

Во текот на изминатата недела издадени се 358 мандантни платни налози, 96 прекршочни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак“

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја