Во извештаите на МВР од засилените полициски контроли во сообраќајот начесто се споменува дека оние што се санкционирани се за заради брзо возење, немање на возачка дозвола или нерегистрирани возила. Но, полицијата „не им простува“ ниту на пешаците. Во вчерашната акција само во Скопје казнети се 33 пешаци заради непочитување на сообраќајните прописи.
Тоа покажува дека не се само возачите виновни. Овие 33 санкции се од вкупно 402 изречени во акцијата во Скопје. Сообраќајната полиција при контролите утврдила и дека 49 лица управуваат возило без возачка дозвола.
Биле изречени и 47 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 5 санкции, 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.