Во Скопје малку казни, ама се уште многу без возачка и нерегистрирани возила

ОБЈАВЕНО НА:

По подолго време во Скопје во текот на еден ден има помалку од 200 санкции, но останува високиот процент на „фатени“ кои во сообраќајот се без возачка дозвола или со технички неисправни автомобили. Дури една петтина од контролираните биле без положен возачки испит или со нерегистрирано возило.

Според податоците од МВР само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20, а имало и 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во врска со техничката исправност на автобуси и комбиња кои вршат јавен превоз на патници. Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK