Во Шведска има сѐ: Електромобили во продавница за електроника

ОБЈАВЕНО НА:

Продавницата за електроника MediaMarkt во Шведска на почетокот на 2019 година ќе го прошири својот асортиман на производи, па ќе почне да продава и возила. Градскиот електромобил Uniti One, кој ќе го произведува шведската фирма, Uniti ќе биде достапен и во оваа продавница што ќе им олесни многу на купувачите.

Средствата за изработка на Uniti One се собрани од 367 лица од 29 држави, а целата сума изнесува 1,6 милиони евра. Од компанијата велат дека веќе добиле нарачка за 727 возила, а ова би требало да донесе заработувачка од 14,5 милиони евра.

Uniti One ќе работи на батерија со капацитет од 22 kWh, а таа треба да обезбеди возење од 300 километри со едно полнење. Инаку, батеријата ќе се полни за 3 часа и 10 минути. Максималната брзина на возилото ќе биде 130 километри на час, а од 0 до 80 километри ќе може да достигне за 3,5 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK