Во Швајцарија забранети модели на Porsche и Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Швајцарија забранија одредени моделски изведби на Porsche Macan и Porsche Cayenne поради зголеменото ниво на издувни гасови.

Оваа одлука се однесува само на возилата увезени по 17 август оваа година додека останатите кои веќе се регистрирани пред овој датум и натаму ќе може да продолжат да возат по улиците низ Швајцарија. Погодени со оваа забрана се само наведените модели опремени со 1.6 литарски, 3.0 литарски и 4.2 литарски мотор – сите со ЕУРО6 норма.

Покрај Macan и Cayenne, швајцарските власти го забранија и моделот Vito на Mercedes опремен со 1.6 литарски дизел мотор поради истата причина како и моделите на Porsche.

Од овој модел во Швајцарија се погодени само 24 примероци, а во соопштение, Daimler објави дека го стопира извозот на овој модел кон оваа земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK