Во што се возат светските лидери?

ОБЈАВЕНО НА:

Дипломатските протоколи се строги, а уште построги и повеќе прецизирани се протоколите за највисоките светски лидери. Нивните протoколи меѓу другото дефинираат и со какви возила може да се возат, а возилата се однапред познати.

Претседателот на САД се вози во Cadillac One кој е целосно блиндиран и опремен е со C-17 мотор кој се користи и кај некои авиони.
Неговиот кинески колега се вози во Hongqi L5. Самиот назив Hongqi преведен на македонски значи “Црвено знаме” што е симбол Комунистичката партија на Кина. Автомобилот тежи нешто над 3 илјади килограми и е блиндиран.

Чешкиот претседател е верен на чешкиот бренд, па така тој се превезува во Skoda Superb. Лојален на домашната автоиндустрија е и претседателот на Франција. Тој се превезува во DS7 Crossback. Германскиот претседател пак, се превезува во Mercedes-Benz S600 додека италијанскиот во Lancia Thesis.

Italy Prime Minsiter Paolo Gentiloni Silveri Motorcade-Ottawa-2017 - YouTube

Шпанската кралска фамилија се вози во Rolls-Royce Phantom IV, англискиот премиер во Jaguar XJ Sentinel додека британската кралска фамилија во Bentley Arnage R. Кралот на Тонга се превезува во автомобилот Humber Pullman кој датира уште од 1949 година.

Во автомобил од 1966 година се превезува и претседателот на Чиле. Тој го користи автомобилот Ford Galaxie XL кој бил подарен од страна на Кралицата Елизабета Втора.

Carabineros ordenó un sumario para investigar desperfecto del auto presidencial | Epicentro Chile

Интересно е што поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухица и покрај големиот буџет за автомобил, се превезувал во својот автомобил, Буба, која му била подарена од неговиот пријател.

Од останатите државници, претседателот на Аргентина се превезува во Mercedes-Benz Vito, на Бразил во Ford Edge, на Египет во Mercedes-Benz S-class, на Финска во Mercedes-Benz S600L, на Кенија во Mercedes-Benz Pullman S600…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK