Во Шкотска прво се добива опомена, а казна само ако ве сними камера

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Шкотска има предлог со кој може да им го олесни животот на недисциплинираните возачи кои биле пребрзи на патиштата. Тие ќе можат да избегнат казна доколку во претходните три месеци не биле фатени како возат пребрзо. Затоа ќе добијат само писмено предупредување за првото прекршување на дозволената брзина.

Во предлогот фигурира писмено предупредување за нарушување на ограничувањето на брзината во градските зони со ограничување на 20 и 30 милји на час. Во него стои дека казната би се активирала во случај во следните три месеци да го повтори прекршокот. Оние кои ќе бидат повторно уловени дека возеле пребрзо ќе добијат казнени поени и ќе платат поголема казна.

Во овој систем нема да бидат вклучени прекршителите кои ќе бидат регистрирани од страна на камери, а оние кои ќе добијат предупредување нема да бидат објавени во осигурителната компанија.

Полицијата во Шкотска подготвува и спроведување на посебни превентивни курсеви за последиците од возењето со преголема брзина при несреќа, слични на оние кои веќе се користат во Англија за возачите фатени при неколку прекршувања во рамки на неколку месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK