Во септември премиерата на BMW M3 и М4

ОБЈАВЕНО НА:

Кратка вест доаѓа од Минхен според која на 23 септември германскиот производител BMW ќе ја спроведе премиерата на BMW M3 Sedan и M4 Coupе.

Станува збор за модели кои подолго време се најавуваат, а во меѓувреме се појавија и првите шпиунски фотографии. Новиот M3 седан ќе биде промовиран во Isle of Man Green боја, а во понудата ќе биде достапен и во: Toronto Red, Tanzanite Blue, Portimao Blue, Dravit Grey, Black Sapphire, Alpine White и Sao Paolo Yellow.

Новата М4-ка ќе биде премиерно претставена во жолтеникавата Sao Paolo боја, а во понудата ќе се најде во црна, пороткалово-црна, сино-црна боја.

Во продажба овие два модела ќе бидат достапи кон крајот на годината, а повеќе технички карактеристики ќе бидат познати на денот на премиерата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK