Во Сараево се исклучуваат од сообраќај возила кои загадуаат

ОБЈАВЕНО НА:

Сараево, заедно со Скопје се најзагадените главни градови во светски рамки. Оттука, надлежните во овој босански град последните неколку денови преземаат итни мерки со цел намалување на загадувањето.

Како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина, Мнистерството за внатрешни работи на кантонот Сараево ги исклучуваат од сообраќај автомобилите со Еуро 2 стандард.

“Во согласност со интервентните мерки и препораки за постапување во случај на узбуна – припадниците на МВР КС (Кантон Сараево) заедно со кантоналната инспекција ги контролираат возилата во сообраќајот. Возилата со Еуро 2 норма се исклучуваат од сообраќајот” стои во соопштението на владата на КС.

Според AQI параметарот, изминатите неколку денови загадувањето во Сараево изнесува околу 450 AQI поени, што ги иницираше надлежните да преземат вакви мерки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK