Во Сараево ќе се вози „пар – непар“

ОБЈАВЕНО НА:

Поради зголемената загаденост на воздухот, оперативниот штаб на Владата на кантонот Сараево донел одлука за прогласување на вонредна состојба.

Првата мерка е воведување на принципот за возење „пар – непад“, односно сите регистерски таблички што завршуваат на непарен утре нема да може да возат, а следниот ден истото ќе се однесува на регистерските таблички што завршуваат на парен број.

Овие забрани не се однесуваат за возилата на полицијата, министерството за одбрана, јавниот градски превоз, итнат апомош, противпожарна, комуналните претпијатија, возилата на инспекцијат и оние со дипломатски таблички.

Во Сараево има голема загаденост на воздухот, а градските власти ќе го зголемат капацитетот на возила на градскиот превоз (трамвај и тролејбус).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK