Во САД покрената истрага против Hyundai и Kia

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во САД покренаа истрага против јужнокорејските производители Hyundai и Kia поради пвлекувањето на возила на овој пазар.

Петтата најголема групација во автомобилската индустрија во периодот од 2015 до 2017 година од САД повлекоа речиси 1.7 милион автомобили. Причината за повлекувањето беше проблемите со моторот кои можат да предизвикаат сообраќајни незгоди.

Сега, нецела година по повлекувањето на последниот автомобил, обвинителството во Њујорк отвори истрага против овие производители со цел целосно испитување на случајот со повлекувањето на автомобилите, причините за истото и евентуалните последици во минатото предизвикани од овие автомобили.

Портпаролот на обвинителството, Никол Навас Оксман одби да ги потврди овие информации, но Ројтерс пренесува дека доколку овие производители се осудат по некој од точките за загрозување на безбедноста во сообраќајот тогаш ќе им биде изречена парична казна, слично како на Toyota и Volkswagen во минатото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK