Во Русија започна производството на BMW X7

ОБЈАВЕНО НА:

Во октомври минатата година германскиот производител BMW го претстави новиот X7 – најголем SUV модел во гамата на BMW. Сега, по само неколку месеци стартува неговото производство и во фабриката во Русија.

Станува збор за лиценцирано производство во фабриката на Autotor во Калининград каде од 1999 година до денес се произведени повеќе од 200 илјади автомобили под брендот на BMW.

Калининград е втората локација каде ќе се произвведува овој луксузен SUV. Од претходно, производството се спроведува и во фабриката во Јужна Каролина, САД.

Во однос на овој SUV, истиот е развиен на платформата на серијата 7 на BMW, а во однос на моторите, опремен е со 3.0 литарски шест цилиндарски турбо мотор со 340 КС. Тука е и помоќниот 4,4 литарски Twin Turbo V8 мотор со 462 КС, а се шпекулира дека во понудата ќе се најде и V8 моторот со 530 КС.

На саемската премиера во Франкфурт, овој тогаш концепт модел беше претставен со plug-in хибриден погон што значи за очекување е и дополнителен електромотор со литиумско-јонска батерија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK