Во Русија произведен 100 илјадитиот Renault Captur

ОБЈАВЕНО НА:

Renault прославува голем јубилеј во Русија. Откако преку Lada успеа да се наметне како популарен бренд, францускиот производител одбележа 100.000 произведени Captur возила.

Производството во фабриката во Москва започна во април 2016 година, а во изминатиот период успеа да дојде до оваа јубилејна бројка.

Интересно е тоа што на овој пазар Captur всушност се продава како Kaptur, а во однос со оној, европскиот Captur, овој има неколку специфичности.

Така Kaptur е за 211 мм подолг, за 35 мм поширок и за 47 мм повисок. Клиреност изнесува 204 мм што е поголемо во однос на Captur. Доаѓа во погон на сите четири тркала, а малку изменети се и предните и задни браници и светла.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK