Во Русија од 2021 ќе се патува со Е-виза

ОБЈАВЕНО НА:

Русија ќе понуди електронски визи за странските посетители почнувајќи од 2021 година, најавил претседателот Владимир Путин. Првично ќе бидат понудени еднократни визи за влез до 16 дена, а подоцна треба да се воведат и е-визи со повеќекратен влез.

Туристите од целиот свет честопати посочуваат дека тешкотијата за добивањето визи е пречка за посета на Русија. Путин потпиша претседателски налог кој им нареди на премиерот, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи ии Федералната безбедносна служба (ФСБ) да спроведат Е-виза до 1 јануари 2021 година. Понудата за е-визи ќе се применува при аплицирање за виза за еднократна посета до 16 дена, и може да се користи за било кој тип на виза.

Русија ќе ја одобри листата на подобни земји за е-виза. За сега, Кина, Јужна Кореја, Јапонија, европските земји и Нов Зеланд се меѓу земјите што се разгледуваат. Се очекува дека е-визата ќе чини околу 50 долари, изјавил Олег Пак, заменик-шеф на Министерството за комуникации и печатот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK