Renault Group, во соработка со Microsoft и VISEO, работи на развој на првата во светот дигитална сервисна книшка за автомобили, која ќе даде можност за чување на податоците за автомобилот по еден нов, модерен и сигурен начин.
Од француската група коментираат дека во моментот информациите за конкретното возило сега се наоѓа на неколку различни информациските системи кај производителот, осигурителната компанија, сервисни центри и други. Со евентуалното воведување на новата технологија за дигитална сервисна книшка, целата оваа информација ќе бидат собрани на едно место за удобен пристап од страна на клиентот.
Сериозна предност на новата технологија ќе биде лесно споделување на податоците при евентуална продажба на возилото, а сопственикот ќе може лесно да ги сподели сите информации со потенцијалниот купувач.