вторник, 25 декември, 2025 година

Во продажба првиот летачки автомобил во светот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Станува збор за двосед со три тркала кој може да се трансформира во летало кое наликува на жирокоптер, кој на автопат може да развие брзина до 160 км/ч. а во воздух до 180 км/ќ.

Двете возила што PAL-V комерцијално ги нуди се Liberty Sport и Liberty Pioneer, и тоа Sport е повтиниот модел, чиј основен пакет чини 400 илјади долари, додека Pioneer е поскапата варијанта вредна 600 илјади долари. Со поскапиот модел е вклучена и обука за возење/летање, греење, како и електронска инструмент табла за летање.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?v=GfMNtCPChxo

“После години тешка работа, нашиот тим успеа да создаде иновативен летачки автомобил, кој ги исполнува постојните стандарди за безбедност утврдени од регулаторните тела низ светот“, вели генералниот извршен директо на компанијата Роберт Динџеманс.

Според најавите од производителот, првите модели треба да бидат готови до крајот на 2018 година, а поскапиот Pioneer прв ќе се појави на улиците и во воздухот. Од двата модели во првата серија е планирано да се произведат по 90 летечки автомобили.

Продажбата се реализира преку листа за нарачки, а оние кои немаат доволно веднаш во целост да го платат моделот, може да уплатат неповратен депозит во висина од 10 илјади до 25 илјади долари.
Погонскиот мотор е со снага од 75 KW, односно 102 КС. Трансформацијата на автомобилот во летало трае до 10 минути, со тоа што лопатките на роторот и елисите на предниот пропелер треба рачно да се отворат.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја