Во продажба е Tesla по цена на Dacia Logan

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот од Кина JAC пушти во продажба електромобил со можност да помине до 500 километри со едно полнење и со цена од 9.050 евра. Се работи за седанот iEV A50, кој има мотор со моќност од 144 коњски сили, а ќе биде во понудата со две верзии на капацитет на батериите од 47 и 60 кВтч.

Новиот кинески електромобил според европската категоризација спаѓа во сегментот С, што го прави конкурентен на моделите од класата Golf. Долг е 4,59 метри, широк 1,765 и висок 1,49 метри додека растојанието меѓу оските е 2,71 метар.

Во надворешниот дел на JAC iEV A50 прво во око упаѓаат светодиодните фарови. Во ентериерот пак впечаток оставаат виртуелниот приборен панел и големиот вертикален екран на мултимедијалниот систем. Декорациите имитираат јаглеродни нишки.

Брзата станица за полнење пополнува 80 проценти од капацитетот на акумулаторите за околу час и пол. Малата батерија има капацитет за поминување на 330 километри, а големата може успешно да и се спротистави на Tesla според километрите кои може да се изминат.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK