Во пресрет на премиерата Bugatti објави видео за Divo (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за во Монтереј (Мексико) оваа недела, Bugatti објави тизер видео за новиот модел Divo.

Овој модел кој се базира на моделот Chiron, ќе има значајно различен стајлинг од него. Името Divo го доби по францускиот возач Алберт Диво кој на крајот на 90те години два пати победуваше на трката Тарга Флорио.

Бројките покажуваат дека Bugatti Divo до 100ка ќе забрзува за нешто помалку од 2.5 секунди додека максималната брзина кој може да се постигне изнесува 385 km/h.

Како што најавуваат од производителот, овој автомобил ќе биде произведен само во 40 примероци, а информација околу точната цена се уште нема иако се шпекулира за износ од околу 5 милиони евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK