Во Полска ја подготвуваат новата Warszawa (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Спортското купе, претставено од компанијата KHM Motor Poland, стана објект на бурни дискусии меѓу ентузијасти и специјалисти во Полска.

Според замислата возилото би требало да биде наследник на класичната Warszawa M20, но малкумина гледаат некаква сличност освен името.

Во тоа нема ништо чудно бидејќи Warszawa M20 GT практично претставува (не многу елегантно) преправен Ford Mustang со делови од други модели како Chevrolet Camaro и Mercedes-AMG GT. Под хаубата работи 5.0-литарски детроитски V8 со моќност од 420 коњски сили.

Warszawa M20 е копија на рускиот ГАЗ M-20 „Победа” и првиот масовно произведен автомобил во Полска после Втората светска војна. Во периодот од 1950-1964 година биле произведени 250.000 автомобили.

KHM Motor Poland планира да ја произведува Warszawa M20 GT по порачка и тврди дека има поддршка од Ford. После претставувањето на автомобилит американците ја „вратиле гаста“ и откажуваат да испорачаат „донатори“ така што прототипот моќе да остане единствениот примерок од моделот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK