Италија во светот е позната со одличната кујна, но една од најжешките туристички дестинации во земјата, Фиренца ја забрани храната на улица. Загадувањето и ѓубрeто станаа голем проблем, па локалните власти воведоа казни од 500 евра за да се борат со нив.
Наредбата од градските власти влезе на сила на 4 септември, а истата им забранува на луѓето да јадат по тротоарите, улиците на прагот на продавниците и во куќите од централното градско подрачје.
Ова е навистина ригорозна одлука со оглед на тоа што градот годишно го посетуваат над 10 милиони туристи кои доаѓаат за да и видат светски познатите знаменитости како „Давид“ на Микеланџело и средновековниот Понте Векио. Бројот на туристите е зголемен за 2,4 милиони во последните пет години.
Четири улици кои се погодени од забраната се: Via de ‘Neri, Piazzale degli Uffizi, Piazza del Grano и Via della Ninna. Локалниот сајт „The Local“, кој изгледува со вести на англиски јазик вели дека двојазичните плакати ги информиаат посетителите да ги „почитуваат жителит, трговците и работниците на тие улици“. Плакатите информира и за казна за оние кои ќе ја прекршат забраната и истата ќе биде во размер од 150 до 500 евра.
Ова не е првпат во Италија да се забрани храна и напитоци на јавни места. Властите во Рим во 2017 година забранија храна и пијалоци во близина на Фонтана ди Треви и шпанските скали.