Во овие земји се признаени македонските возачки дозволи

ОБЈАВЕНО НА:

Кога решавате да заминете во странство на подолг рок едно од прашањата е дали можете да ја користите вашата возачка дозвола, односно дали истата може да ви биде признанена од тамошната земја. Во спротивно ќе морате повторно да полагате што ќе ве чини и пари и време.

Според информациите објавени на Министерството за внатрешни работи, Македонија има потпишано билатерални договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со седум европски земји и тоа: Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Германија.

Тоа значи дека доколку патувате или работите во некоја од погореспоменатите земји, вашите возачки дозволи ќе имаат иста важност како и на жител од овие земји.

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај, признавање на македонската национална возачка дозвола и замена на истата е овозможено во Чешка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија и Белгија како и Австрија каде е признаена возачката дозвола само за “Б” категорија.

Во моментов, МВР е во преговори за потпишување на билатерални договори уште и со Косово, Турција и Велика Британија.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK