Во овие земји не смеете да возите со повеќе од 80 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Сигурно и вие саката понекогаш да „стиснете“ на педалот за гаста на автомобилот и да го „дигнете адреналинот“. Секако надевајќи се дека таа ваша желба нема да биде нарушена со некој знак „стоп полиција“ и да си добиете казна за пребрзо возење.  Сигурно знаете дека во Македонија максималната дозволена брзина на некои делови од автопатот е 130 км/ч., најчесто таа брзина е ограничена на 120 км/ч. а на регионалните патишта 80 км/ч.

Но, во Европа има земји каде максималната брзина на движење на автопатиштата е под 100 км/ч. Во дури четири европски земји максималната брзина на патиштата е под 90 км/ч. Доколку возите низ Андора или Исланд тогаш не може да се движите со повеќе од 90 км/ч надвор од населено место.

Од друга страна пак, во Лихтенштајн и Малта не може да најдете места каде со возило можете да овзите над 80 км/ч. Во овие две земји, поради самата сообраќајна инфраструктура, движењето е ограничено на максимални 80 км/ч вон населени места односно 50 км/ч во населени места.

Причината за тоа што во земји како Андора, Исланд, Лихтенштајн и Малта е значително редуцирана максималната брзина е немањето на автопатски делници каде би можело да се вози повеќе како и поради самата конфигурација на автопатските делници. Пример во Андора која важи за планинска земја, единствениот автопат поминува низ клисури и планини.

Од друга страна во Бугарија и Полска, невклучувајќи ги тука Германија и Литванија каде максималната брзина е препорачана 130 км/ч, во овие земји таа изнесува 140 км/ч. Истата се однесува на патнички и товарни возила под 3,5 тони.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK