сабота, 25 декември, 2025 година

Во овие земји лани се продадени најмногу возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Минатата 2019 година заврши со продадени 85 милиони нови возила што е за 4,2% помалку споредбено со 2018 година.

Иако во 2019 година продажбата на нови возила во Кина забележа пад од 8,7%, сепак во оваа земја се продадени 25.133.264 нови возила минатата година што ја прави земја со најголема продажба.

- Advertisement -

Точно 17.076.017 нови возила се продадени во САД што го прави втор најголем пазар за минатата година. На третата позиција со продадени 3.596.973 нови возила е Германија што воедно е и најголем пазар во Европа.

Индија е вториот најголем пазар во Азија и четврти во глобални рамки. Минатата година во оваа земја се продадени 3.105.409 нови возила што претставува пад од 7,4% споредбено со 2018 година. Веднаш зад Индија е Јапонија со продадени 2.825.602 нови возила.

Најголемиот јужноамерикански пазар е Бразил каде минатата година се продадени 2.658.646 нови автомобили. Во топ 10 најголеми пазари се наоѓаат уште и Велика Британија, Франција, Канада и Италија.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја