сабота, 25 декември, 2025 година

Во овие земји горивото е „багатела“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Средната цена на бензинот во светот е 1,16 американски долари по литар. Сепак, има големи разлики низ светот, кои ја прават вредноста на горивото пониска или повисока. Како општо правило побогатите држави имаат повисоки цени, додека посиромашните и земји и земјите кои произведуваат и извезуваат нафта, имаат значително пониски цени.

Забележително исклучок се САД, кои се меѓу економски развиените нации, но во исто време имаат и ниски цени на горивата.

- Advertisement -

Разликата во цената во оделни држави се должи на различните даноци и субвенции на бензи. Секој има достап до едни и исти цени на нафта на меѓународните пазари, но секој има различна даночна политика, која води и до финансиски разлики. Како резултат на тоа малопродажните цени на бензинот се различни.

На листата на земји со најниска цена на бензин изработена на средината на јуни се најдоа овие десет земји:Венецуела– ($ 0,01), Иран ($ 0,28), Судан ( $ 0,34), Кувајт ($ 0,35), Алжир ( $ 0,36), Еквадор ($ 0,39), Нигерија ($ 0,42), Египет ($ 0,43), Туркменистан ($ 0,43), Казахстан ($ 0,52).

Русија која е меѓу најбогатите земји со нафта се наоѓа на 29. место според цената од 0,72 американски долари по литар. Зад неа е уште една држава која е со богати наоѓалишта, Азербејџан ($ 0,73). САД е дури на 37.  место ($ 0,84).

Во оваа класификација Македонија се најде на 111. место ($1,36). Од соседите Бугарија е на 108 место ($ 1,32), а Србија е на 127 место.

Турција е на 109. место со 1,34 долари за литар, додека Романија е на 118 место ($1,42).

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја