Во овие земји е дозволено најбрзо да се вози – а во две земји може и со 140 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

За сите оние кои сакаат адреналин и брзо возење задолжително е потребно да ја посетат Германија. Причината за ова е добро позната, а тоа се автопатските делници без ограничување на лимитот за возење.

Со ова Германија е единствената земја во Европа со такви автопатски делници. Поради тоа во Германија е развиен и туризам околу сето ова па годишно со цел да се “издуваат” за оваа намена ја посетуваат и над 100.000 туристи.

До 140 километри на час како максимална брзина е дозволено во Полска и Бугарија и тоа се единствените две земји со ваква дозвола. Најголем дел од останатите европски земји имаат ограничување на максимална брзина од 130 км/ч. Тука спаѓаат: Италија, Србија, Романија, Франција, Австрија, Украина, Словенија, Хрватска, Грција…

Во Турција, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Ирска, Шведска и Белгија максималната брзина изнесува 120 км/ч, додека во Русија, Албанија, Молдавија, Белорусија, Естонија, Латвија, Норвешка и Велика Британија 110 км/ч.

Максимално ограничување под 100 км/ч има во Кипар, Малта, Андора, Лихтенштајн и Исланд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK