Во овие европски земји задолжително е користењето на зимски гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Како се ближи зимата и задолжителното користење на зимски гуми, откриваме во кои европски земји е задолжително користењето на зимски гуми, а во кои не.

Користењето на зимски гуми е задолжително во 23 европски земји. Меѓу нив е и Македонија како и околните земји како Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Користење на зимски гуми според законската регулатива е задолжителнои во Русија, Белорузија, Ерменија, Австрија, Чешка, Германија, Шведска, Финска, Естонија, Исланд, Естонија, Летонија, Литванија… Сепак треба да се напомене дека во некои од овие земји користењето на зимски гуми зависи и од временските (не)прилики.

Од друга страна, користењето на зимски гуми е опционално во Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Албанија, Грција, Швајцарија, Унгарија, Белгија, Холандија, Полска, Украина, Норвешка, Велика Британија, Сан Марино, Кипар, Малта, Данска и Ирска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK