Во овие европски земји најмногу се крадат автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци за бројот на украдени автомобили во земјите од Европската Унија покажува дека најмногу автомобили се крадат во Луксембург. Така според статистичките податоци во периодот од 2015 до 2017 година во оваа земја се украдени 328 автомобили на 100 илјади жители.

Луксембург е далеку на првата позиција пред Грција каде со евидентирани кражби од 269 автомобили на 100 илјади жители додека на третата позиција со 257 автомобили се наоѓа Италија.

Најдобрата петорка ја сочинуваат уште Шведска и Франција, а од шестата до десетата позиција се рангирани и Велика Британија, Холандија, Белгија, Финска и Ирска.

За изненадување, најмалку автомобили се крадат во Хрватска и тоа 25 на 100 илјади жители, Романија каде евидентирани се 15 кражби и убедливо најмалку во Данска каде се украдени само 4 автомобили на 100 илјади жители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK