Во оваа земја ако по невеста одат повеќе од три возила – им ги конфискуваат автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров остро го критикуваше кршењето на правилата за организирање на свадби и издаде наредба за конфискација на автомобилите на тие што ќе го пекршат правилото. Поради пандемијата на коронавирус, воведени се ограничувања во земјата, според кои свадбените поворки можат да вклучуваат најмногу три возила.

„ Има луѓе кои прават што сакаат. Велам да им се одземат возилата. Да им се одземат и да се продадат. Средствата да бидат дадени за медицинските лица, изјавил лидерот на Чеченија, а пренесува „Кавказки узел“

„Еден автомобил – за невестата. Во вториот, само имамот да се вози. Некои кога ќе одат по невеста се кријат по улиците и потоа се качуваат во автомобилите и се приклучуваат на поворката. Сите кои се дел од таквите поворки треба да бидат доброволци и да служат во болниците, се лути Кадиров.

Според претставник Чеченското муфтиство претседателот на државата бил налутен од неодамнешниот случај во кој организаторите на свадбите го завеле имамот. Тие го замолија да ги изврши потребните обреди еден ден пред да отидат да ја земат невестата и ветиле дека ќе испратат само два автомобили, но во поворката имало многу повеќе.

Во мај, Кадиров предложи мерки за ограничување на коронавирус заразата и тие да бидат жестоки против секој што не се придржува до самоизолација.
„Ако се прекршат ограмничувањата потребни се построги мерки, да им се одземат автомобилите на оние што едноставно се возат, нека ги чистат улиците, нека чистат болници, да работат“, изјавил Кадиров.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK