Претседателот на Русија, Владимир Путин доби ново возило коешто беше произведено во рамки на проектот „Кортеж“. Се работи за унапредена верзија на мистериозната лимузина, а новото возило беше снимено на улиците на Москва.
Во оваа лимузина покрај претседателот на Русија ќе се возат и претставници на највиоскиот државен врв. Возилото е прекриено со камуфлажно платно, а има одлични перформанси.
За време на тестирањето возилото се движеше со умерена брзина и правеше остри вртења, а ова можеа да го видат само малку лица во живо.
Инаку, ова е само прва снимка од „Кортеж“ автомобилот, кој и понатаму се држи во голема тајност.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]